
Интегрален текст од Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче
Дозволете да се обратам на две теми, прво Предлог-Законот за минимална плата којшто го поднесовме во Собранието, затоа што ги гледаме ставовите пораките коишто доаѓаат од владата. Имено стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години.Соочени со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ ништо не направија за да платите имаат континуиран соодветен раст, за да може луѓето да излезат и да врзат крај со крај до крајот на месецот во услови кога цените неконтролирано растат, кога синдикалната кошничка надминува 66.000 денари, само за храна и пијалоци е потребно повеќе од третина.
Тоа барање кое што го слушнавме на протестот на Сојузот на синдикати за минимална плата е сосема на место, соодветно и се темели на реални потреби на работниците. Затоа го поднесовме законот за 600 евра минимална плата. По вторпат го поднесуваме законот, првиот пат беше на крајот на 2024-та година, тогаш власта го одби и тука на површина излегува континуитетот на нашите политики.
Имено континуирано растеше минималната плата за време на мандатот на владата на СДСМ. Тогаш кога имаше протести или протести во најава, тогашната опозициска партија ВМРО ДПМНЕ тие ги поддржуваше, а сега кога има можност и кога треба платите да им ги зголеми, тоа не го прави. И тука на површина освен што излегува конзистентноста на нашите политики, излегува на површина и нивното лицемерие. Ништо не прават за да го подобрат стандардот на граѓаните.
Не може да има пари само за луксузирање, за 161 тендер за една фирма, за луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ до оваа власт, за една мала група на луѓе околу врвот на власта а сите други да страдаат во државата.
Затоа ќе го кажам и нашиот предлог како да се стигне до парите кои што се потребни за да се зголеми минималната плата и со тоа да се обезбеди достоинствен живот на работниците.
Значи според законот којшто го поднесовме нашата пресметка затоа се потребни 7,5 милијарди денари, односно 120 милиони евра. Вкупните буџетски расходи за 2026 година се планирани на рекордни 365,5 милијарди денари, што е историски највисоко ниво. А имајќи предвид дека не се прави ништо за доброто на работниците, очигледно е дека огромниот процент од овие пари ќе оди за комоција на власта и ништо друго. И за партизирање на администрацијата, односно вработување со договор на дело на партиски војници кои што секојдневно го гледаме во министерствата.
Првата ставка категорија 42 од Буџетот, стоки и каде што се планирани 27,5 милијарди денари. И тука влегуваат патни дневни расходи тука влегуваат договорни услуги, репрезентации, ручеци, нови коли, мебел, комфор за функционерите од власта. Ако се скрати помеѓу 20-30 % од оваа категориј,а се стигнува до сума на пари од 5,5-8 милијарди денари односно 90 до 130 милиони евра. И веќе тука се задоволуваат потребите за зголемување на платите на работниците.
Понатаму, имајќи предвид дека со формираа нови министерства, дека тука кабинети се опремуваат се вработуваат повторно по партиски клуч луѓе, имаме категорија 46 – субвенции трансфери, ставка 464 разни трансфери којашто е тешка 22 милијарди денари од кои што со 20-тина проценти да се обезбедат кратење, да се обезбедат дополнителни 75 милиони евра.
Значи, во само две категории 46 и 42 може да се обезбедат помеѓу 130 или 205 милиони евра, сосема доволна сума на пари. Прво да се зголемат платите на работниците до 600 евра и одам чекор понатаму, да се излезе во пресрет на барањето и потребата на приватните компании да се субвенционираат придонесите за празните осигурувања со цел да и приватните компании ги зголемат платите на работниците без да имаат дополнителен терат во плаќање на придонесите.
И тоа е нешто што мислам дека е сосем разумно .Мислам дека и на компаниите им е тоа потребно, без да се загрози нивната ликвидност. Со ова практично сметам дека е јасно дека нема простор за изговори. Ако владата сака тогаш ова кратење може да се направи само во овие две ставки на Буџетот. Нека дадат предлог за ребаланс веднаш ќе го поддржиме во Собранието. Не може да се планира пари само за луксузирање, за патување, а да нема пари за основните потреби на работниците.
Помина скоро пола мандат од оваа влада, еве веќе е месец февруари. Во првите две години од владата на СДСМ до 2019 година, социјалната помош се зголеми за 300% од 3.000 на 11.700 денари, значи пари може да се најдат. Понатаму минималната плата за 60% во првата половина од мандатот, од 8.000 на 14.500 денари се зголеми. Во здравството во првата половина од мандатот платите на докторите практично се дуплираа, преку основно зголемување на 40% и повеќе од триплирање на сумата која што докторите зимаат и медицинските сестри за дежурство и надоместоци за ноќните смени.
Значи, ако се сака ако си има вистинска желба, волја ако се има идеја да се излезе во пресрет на потребите вистински на граѓаните во Буџетот има средства да се најдат и еве како тоа сметам дека може да се направи.
Втората тема на која што сакам да коментирам е изолацијата намерна на нашата земја. Очигледно е веќе дека ниту се спроведуваат реформи, ниту се прават потребните чекори да се фати возот за Европска Унија на којшто веќе многу напред одат Црна Гора и Албанија. Црна гора веќе го пишува договорот за пристап во Европската Унија веќе се затвораат сите поглавја. Тоа што нема желба оваа влада да се направат вистински реформи во правосудството, тоа што дополнително се прави партизација на сите по сите инстанции во правосудството, обвинителство, судии и така натаму е доказ дека се нема желба и волја да се оди понатаму. Силното влијание на премиерот Орбан на Унгарија се гледа секој ден.
Започна како финансиска зависност со кредитот од милијарда евра, за кој што никој не знае каде се парите отидени, понатаму во делот на транспортот преку приоретизирање на пругата север југ и покрај тоа што Коридорот 8 е не само за транспорт туку и безбедносен Коридор,кој што се стави во втор план. Се прекина па сега еве прават обиди да се да се продолжи.
Понатаму, во делот на медиумите јасна и мрежата на унгарските медиуми кај нас кои што креираат силно антиевропско расположение кај граѓаните. Тоа го гледаме секојдневно и еве сега последно со некаков проект во енергетиката, за кој што повторно е заинтересирано фирма блиска до примерот Орбан. Очигледно е дека оваа поврзаност со вакви авторитарни режими на северот од нас не држи во изолација.
Премиерот јасно кажа, дека нема да има уставни измени, веќе не ни крие дека нема да има чекор напред кон Европа. Ја цитирам за жал и претседателката, „Измислен е патот кон Брисел”. Граѓаните мора да знаат дека оваа владата ја држи земја во изолација оставена во овие комплексни геополитички случувања како изолирана земја на влијание на Русија. Утре ќе се отвораат нови проблеми кога Црна Гора и Албанија ќе станат земји членки на Европската Унија. Еве го кај е времето брзо поминува, тоа може да се случи за една или две години 2027-2028, времето минува ништо кај нас не се случува, нема реформи, нема чекор напред. Можеа да се започнат реформите уште целиот пат којшто ВМРО-ДПМНЕ и тогаш го блокираше од 2023 година, веќе се поминати три години од тогаш, а ние стоиме во место изложени на дефокус, на лажни кампањи, на ширење на анти-европски наратив, на криминални тендери и тоа е се што оваа власт за жал прави.


