Утрински Весник
Македонија

Полицијата вечерва под опсада држи локации во Струмичко и Скопје

Policzija.jpg

Во тек е координирана и дискретна полициска операција на повеќе локации во Струмица и Струмичко, како и во Скопје, каде објект во поранешниот индустриски комплекс „Охис“ е целосно запоседнат од безбедносните служби. Иако официјални соопштенија сè уште нема, неофицијалните информации упатуваат на сериозен институционален ангажман поврзан со случајот на запленета марихуана во Србија и можните врски со македонски компании пишува НетПресс

Изворите за нетпресс говорат дека станува збор за тивка, но обемна акција, водена во тесен круг, со цел директен удар врз мрежи кои со години ја злоупотребувале дејноста на т.н. „легално“ производство на канабис. Во операцијата, наводно, се вклучени повеќе институции – полицијата, царинските служби, здравствените органи и јавното обвинителство.

Повеќе информации се очекуваат…

Можете да прочитате

Поднесено обвинение за палењето возила на Амбасадата на Бугарија

СДСМ: Хиперхлораџијата Тошковски вчера ја чистеше водата, а денеска ја мери полицијата

ДОМ: За дата-центарот не е доволно да се избере парцела – мора да се знае колку ќе нè чини и колку енергија ќе троши