Утрински Весник
Балкан

(Видео) На ГП „Блато“ уапсен македонски државјанин, се обидел да избега со автомобилот преку граница

Albanianpolice.webp.webp

На граничнот премин „Блато“ на македонско – албанската граница, кај Дебар, албанската полиција уапсила македонски државјанин, кој откако одбил да биде контролиран, се обидел да избега, загрозувајќи ги животите на полицајците.

„Вчера околу 17:20 часот, лицето Г.К. (42) жител на Република Северна Македонија, при влез на албанска територија со својот автомобил „мерцедес“,  бил замолен да премине  на втората линија за детална проверка, заедно со возилото. Тој го одбил барањето на полициските службеници и се обидел да избега со возилото, загрозувајќи ги животите на полицајците. Тој е фатен и уапсен, соопшти албанската полиција.

Се додава дека уапсениот ќе одговара за кривични дела „спротивставување на вршење на должност на службеник од јавен ред и мир“ и „Нелегално преминување на граница“, а возилото што го управувал е запленето.

Можете да прочитате

Двајца загинати во превртување автобус со српски таблички во Хрватска

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба