Утрински Весник
Свет

Руски напад го остави Киев без греење на екстремен студ

Kiev.webp.webp

Повеќе од 1.100 станбени згради во Киев и околината останаа без греење по руски напад врз енергетската инфраструктура, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко. Нападот се случува во услови на екстремен студ, при што температурите се движат од минус девет, а се очекува да паднат и до минус 17 степени Целзиусови. Според Кличко, оштетен е градскиот систем за централно греење, што сериозно ги погодува жителите на украинската престолнина. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека Русија го прекршила договореното енергетско примирје и извршила масовен напад врз цивилна инфраструктура, и покрај апелите од американската страна да се воздржи од напади врз енергетски објекти.

Украинскиот министер за енергетика Денис Шмихал оцени дека нападите биле насочени исклучиво кон цивилни цели и ги опиша како обид за „зимски геноцид“. Во нападот, Русија користела ракети и дронови, а украинската противвоздушна одбрана соборила 450 од вкупно 521 лансиран проектил. Во меѓувреме, утре и в четврток во Абу Даби продолжуваат мировните разговори меѓу Украина и Русија, со посредство на САД, на кои ќе присуствува и американскиот специјален претставник Стив Виткоф.

Можете да прочитате

Грција ги забранува социјалните медиуми за лица под 15 години

Снег го парализираше аеродромот во Франкфурт

Шпанија забрани употреба на социјални мрежи за деца под 16 години