Утрински Весник
Балкан

ЕК следната недела ќе презентира предлог за преодно решение за превозниците во Западен Балкан

Kamioni.webp.webp

ЕК закажа нов состанок за втората недела од февруари каде ќе биде презентирано решение за проблемотт со професионалните возачи во патниот сообраќај во западен балкан.

„Поради итност на ситуацијата и протестите што се случија, Европската комисија закажува состанок на работната група за втората недела од февруари, на кој ќе се даде предлог за привремено решение. Покрај државниот претставник, во работната група ќе бидат вклучени и по еден член од превозниците, амбасадите во Брисел и транспортната заедница“, се наведува во соопштението на Меѓународната асоцијација за транспортен бизнис од Белград.

На денешниот онлајн состанок во Брисел, посветен на проблемите со кои се соочуваат возачите од овој регион по воведувањето на системот ЕЕС во ЕУ, беше кажано дека новата стратегија носи решение за кое се потребни неколку месеци за да се спроведе и дека е потребно побрзо да се реагира за да се најде прагматично решение што не бара измени во актите и обезбедува решение за моменталната состојба со професионалните возачи.

„ЕК на дневно ниво ќе има контакти со амбасадорите на земјите од Западен Балкан во Брисел со цел да даде повратни информации“.

„На состанокот, претставниците на ЕК ги споменаа протестите што беа организирани во претходната недела од страна на превозниците од Западен Балкан и го истакнаа големото негативно влијание врз европската економија. Претставниците на Србија и Босна и Херцеговина постојано повторуваа дека, доколку не се запрат апсењата и депортации на професионални возачи, може да се очекува уште поголем протест на транспортерите и повторување на блокадите во блиска иднина“.

Можете да прочитате

Косово воведе итна забрана за увоз на овци и кози од Македонија

Чолиќ: Семејството е добро, се чека полициски извештај

Бегај: Меѓуверската хармонија мора да се пренесе на новите генерации