
Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) започна постапки за проверка на судир на интереси и прикривање имот против членката Цвета Ристовска. Истрагата се фокусира на финансирање од изборни кампањи: Фирмата „Буст ДООЕЛ“, во сопственост на еден од синовите на Ристовска, инкасирала по 35.000 евра од кампањите на Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Дафкова во 2024 година. Случајот е спорен бидејќи токму Антикорупциската комисија е надлежна за контрола на финансирањето на овие кампањи.
Непријавување имот во анкетниот лист: Ристовска се сомничи дека во анкетниот лист пропуштила да наведе дека нејзините двајца синови поседуваат маркетинг агенции.
Ристовска ги отфрла обвинувањата, тврдејќи дека нејзините деца не живеат во заедничко домаќинство со неа уште од 2017 година и дека нивните деловни активности се независни од нејзината функција.
Таа нагласува дека секогаш бара изземање од одлучување кога постои ризик од судир на интереси.

