Утрински Весник
Свет

Ердоган најави финансиска поддршка од 100 милијарди лири за турските производители

Erdogan.webp.webp

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претстави нов економски пакет вреден 100 милијарди турски лири (приближно 1,95 милијарда евра), со цел да се олесни пристапот до финансии за компаниите во производствениот сектор, пренесува „Хаберлер“.

„Сакам да споделам позитивни вести за нашите производствени компании. Подготвивме пакет за финансирање со поволни услови, кој ќе им овозможи полесен пристап до кредитирање“, изјави Ердоган по состанокот на кабинетот. Според неговите зборови, пакетот ќе вклучува шестмесечен грејс период за отплата на главницата, како и рок на отплата до 36 месеци. Иницијативата предвидува заеми до 50 милиони турски лири (околу еден милион евра) за секоја компанија.

Можете да прочитате

Генералниот секретар на НАТО уверен дека ќе се соберат 15,5 милијарди долари за Украина

Во Полска приведен наводен руски шпион

Две бебиња по пат од 16 -ти кат преживеале