Утрински Весник
Македонија

Ќе се прави супервештачење, одложено судењето за Илијевска за убиството на сопругот и свекорот

Sud.webp.webp

Одложено е судењето за обвинетата Вангелица Илијевска, која предминатата година ги уби својот сопруг и свекор во семејната куќа во Кратово. Од Основниот суд Куманово информираа дека судењето се одложува, бидејќи треба да се направи супервештачење на Клиниката за психијатрија за обвинетата Илијевска.

На претходното рочиште судот ја донесе одлуката по барање на обвинителството, со образложение дека новото мислење ќе ги отстрани сите евентуални недоречености, пропусти и можни различни правни квалификации произлезени од претходното вештачење подготвено на барањето на одбраната на Илијевска. Одбраната, рече дека и во двете вештачење предложени и од обвинителството и од одбраната, психијатрите укажале дека поради конфликт на осомничената и жртвите и чувството на загрозеност на физичкиот интегритет довело до афективна ерупција и силна раздразнетост.

Обвинителството бара Илијевска да се осуди по член 123 од Кривичниот законик, додека нејзината одбрана тврди дека таа, постапувала во нужна одбрана.

Јавниот обвинител во воведниот говор кажа дека Илијевска по семејно насилство со нож ги убила нејзиниот сопруг Јован и свекорот Стојан. Обвинителството остана на обвинителниот акт и за продолжување на куќниот притвор на Вангелица. Одбраната на првото рочиште рече дека Илијевска била во брак повеќе од десет години и била жртва на семејно насилство, физичко и психолошко малтретирање од сите членови на семејството, најмногу од нејзиниот сопруг Јован.

Наредното рочиште е закажано за април, годинава.

Можете да прочитате

ДКСК ја истражува сопствената членка, Цвета Ристовска

СДСМ: Кога обвинителството ќе реагира за 161 тендер за една, 52 тендери за друга фирма? 

Нов влажен бран ќе ја зафати Македонија од утре