Утрински Весник
Економија

Дизел горивата поскапуваат за половина денар

Gorivo1.jpg

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста.Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 68, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 67 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 72, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 74 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,786 денари по килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,885 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување  кај бензините во просек: за 2,433 отсто, кај дизелот за 4,757, кај екстра лесното масло за 3,829 и кај мазутот за 5,973 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,6498 отсто.

Можете да прочитате

СДСМ: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиите

Левица: Неплатено грозје, заложено вино и евтини државни кредити – Владата ја чести винарската олигархија со народни пари додека лозарите ги турка во пропаст

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, стан од 50 м2 во Центар за 168 0000 евра