Утрински Весник
Македонија

Сведок за пожарот во „Пулс“: Работев без договор, без обука, а објектот беше преполн

Whatsapp image 2025 11 19 at 10.09.14.jpeg

Пред судот денеска сведочеше Дејан Манасиев, кој во минатото работел како шанкер во дискотеката Пулс. Тој изјави дека нема да се приклучи кон кривичниот прогон против обвинетите, но најави дека ќе поднесе оштетно побарување поради сериозните здравствени последици што ги трпи и речиси десет месеци по трагедијата.

Манасиев посочи дека неговата здравствена состојба и натаму е загрижувачка, наведувајќи дека сатурацијата на кислород во еден период повторно му се намалила на околу 65 проценти. Поради компликации со дишењето, по пожарот бил лекуван во болници во Штип и Скопје, а подоцна и во Грац, Австрија.

Во своето сведочење тој изнесе дека во дискотеката работел од 2012 година, без формално склучен договор за работа и без каква било обука за безбедност и заштита при работа. Според неговите зборови, кобната вечер во објектот имало околу 500 посетители, а огнот се проширил исклучително брзо, оставајќи малку простор за реакција.

Манасиев нагласи и дека дел од вработените кои биле присутни во дискотеката таа ноќ не успеале да се спасат, додавајќи дека трагедијата оставила длабоки последици и кај преживеаните, и физички и психолошки.

Можете да прочитате

Утре променливо облачно, во среда локални врнежи и засилен ветер

Формиран Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот

„Мислев дека ова е крај“: Сведок раскажа за хаосот и пожарот во „Пулс“