Утрински Весник
Свет

Аракчи: Уверен сум дека може да се постигне договор со САД за иранската нуклеарна програма

20250628094420 big 730x400 20.webp.webp

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денеска изјави дека е „уверен дека може да се постигне договор“ со САД за иранската нуклеарна програма.

– За жал, ја изгубивме довербата во САД како партнер во преговорите, рече Аракчи и додаде дека размената на пораки преку пријателските земји во регионот ја олеснува „плодни разговори со САД“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази сличен оптимизам кога вчера на новинарите во претседателскиот авион „Air Force One“ им рече дека „Иран сериозно разговара со САД“.

Иако не сакаше да потврди дека Иран ќе учествува во директни разговори со американските преговарачи, Аракчи истакна дека е потребно да се занимаваат со „суштината на преговорите, а не со формата“.

Во меѓувреме, иранскиот врховен верски водач, ајатолахот Али Хамнеи, предупреди дека секој американски напад врз Иран би резултирал со регионална војна.

– Американците би требало да знаат дека ако почнат војна, овој пат тоа ќе биде регионална војна, рече Хамнеи во Техеран за време на обраќање до верници во џамија.

Можете да прочитате

Маск донирал 10 милиони долари за републиканците да ја задржат контролата врз Конгресот

Десетици илјади Чеси излегоа на демонстрации за поддршка на претседателот Петр Павел

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41 по смртта на тинејџер во болница