Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Почнуваат градежните работи на булеварот „Македонија“

Orcelimak.jpg

Од денеска почнаа градежните активности на булеварот „Македонија“ со кои се очекува да се намалат сообраќајните гужви. Ќе се реализираат четири фази, од кои првата треба да заврши за 90 дена.

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во изјава за медиумите рече дека следната недела се очекува да започне и тендерската постапка за втората фаза.

– Тука сме на почеток на градежните активности на булеварот „Македнија“, нешто за што се говори години наназад, почнуваме со првиот од четирите чекори. Рокот на изведба е 90 дена, а од следната недела ќе ја почнеме тендерската постапка за втората фаза. Верувам дека веднаш по завршување на првата фаза, ќе започнеме со реализација на втората фаза, рече Ѓорѓиевски.

Се надева дека до крајот на неговиот мандат ќе заврши целосната изградба.

Можете да прочитате

Штерјова: ВМРО го труе и Скопје, СДСМ бара одговорност за загадувањето на Лепенец

Набљудување на Месечината од плоштадот „Македонија“, организира Скопското астрономско друштво

Бесплатен панорамски разглед на Скопје