Утрински Весник
Свет

Гутереш: ОН се соочуваат со финансиски колапс

Guteresh.webp.webp

Обединетите нации се соочуваат со финансиска криза, предупреди генералниот секретар Антонио Гутереш. Тој наведува дека организацијата може да остане без ликвидни средства веќе до средината на годината поради неплатени или задоцнети придонеси и ограничувачки буџетски правила. Гутереш истакнува дека недостигот на пари ја загрозува способноста на ОН да финансира основни операции, мировни мисии и хуманитарни програми.

Тој ги повика државите членки навремено и целосно да ги подмират своите обврски, предупредувајќи дека во спротивно ќе следуваат кратења, одложување на активности и ограничување на работата на одделни тела и агенции. Финансискиот притисок се зголемува во услови на растечки глобални кризи, вклучувајќи вооружени конфликти, хуманитарни катастрофи, климатски и здравствени предизвици.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа