Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот Лимани постигна договор со Независниот синдикат за образование, наука и култура – Гостивар за исплата на К-15 за сите наставници

Image 2026 01 31 134622913.png

Општина Гостивар, под раководство на градоначалникот Валбон Лимани, постигна договор со Независниот синдикат за уметност, наука и култура – Гостивар за исплата на К-15 за сите наставници, иако ова не беше директна законска обврска на општината во оваа фаза.

Во периодот кога Владата пушти дотации и кога според законскиот рок исплатата на К-15 требаше да се изврши до 31.12.2025 година, Општина Гостивар ја водеше Владин повереник. Воедно, пуштените дотации беа наменети само за основните училишта, не вклучувајќи ги другите образовни институции, што директно влијаеше на неизвршувањето на исплатата во законскиот рок.

Откако актуелното раководство на Општина Гостивар ја презеде одговорноста, се одржа конструктивен дијалог со Независниот синдикат за образование, наука и култура – Гостивар и беше постигнат џентлменски договор, според кој исплатата на К-15 за сите наставници, вклучително и оние од институциите кои не биле опфатени со дотациите, ќе се изврши според договорен распоред до крајот на април оваа година.

Градоначалникот Валбон Лимани нагласува дека Општина Гостивар останува посветена на почитување на социјалниот дијалог, заштита на правата на образовните работници и одговорно и транспарентно управување со јавните финансии, секогаш во интерес на граѓаните.

Можете да прочитате

(Фото) Работниците протестираат за 100 евра плус, власта слави родендени во елитни ресторани

ДОМ предлага „Зелен Урбан Трансфер“: Дислокација на Усје без трошоци за државата и крај за бетонизацијата на Скопје 

Филипче и Дончиќ во Загреб потпишаа Меморандум за соработка меѓу СДСМ и СДП