Утрински Весник
Македонија

ЗНМ: Основниот кривичен суд Гостивар донесе проблематична првостепена пресуда за слободата на изразување

Znm 3.jpg

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост поради пресудата донесена на 12.01.2026 година на штета на Лиридона Вејсели. Според судското образложение, Вејсели е обвинета за „Злоупотреба на лични податоци“ од член 149 став 1 од Кривичниот законик, затоа што на Инстаграм и Тик Ток објавила лични податоци – име и презиме на судија.

Судот во пресудата наведува дека: ,,Вејсели е виновна заради тоа што на 28.10.2024 година  спротивно на условите утврдени со закон без согласност од оштетениот судија, користела негови лични податоци на начин што на социјалните мрежи Инстаграм и Тик Ток објавила видеа во кои ги злоупотребила личните податоци на оштетениот судија неговото име и презиме со што му наштетила на неговата чест и угледна неговата професионална дејност која ја извршувал како судија во Основен суд во Тетово повеќе од 37 години.”

ЗНМ оценува дека оваа првостепена пресуда испраќа многу лош сигнал за слободата на изразување во земјата. Кривичното гонење на новинари за објавување на име и презиме на јавни лица, особено судии, го зголемува притисокот врз новинарството и правото на јавноста да биде информирана.

Од страна на ЗНМ е понудена правна помош на Вејсели, и внимателно ќе го следиме процесот во жалбената постапка. Постои можност за корекција на пресудата од повисоките судови, но овој случај повторно го потенцира проблемот со изолирани судски постапки кои можат да делуваат како притисок врз медиумите.

Име и презиме на судија е јавен податок, и абсурдно е да се третира објавата на името и презимето на конкретниот судија како повреда на правото на приватност.

За потсетување, во 2025 година беа регистрирани повеќе случаи кои покажуваат дека одредени судски одлуки можат директно да влијаат врз слободата на медиумите. ЗНМ останува посветено на заштита на новинарите и нивното право на слободно и безбедно информирање на јавноста.

Можете да прочитате

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Визбегово

Николоски: Целта е да се понудат најдобрите решенија за транспортерите

Срушена стара куќа во центарот на Битола предизвика штета на возила