Утрински Весник
Балкан

Македонските и српските камионџии го прекинуваат официјално протестот

Kamioni.webp.webp

Македонските и српските камионџии го прекинуваат официјално протестот. Од попладнево е воспоставена целосна проодност на сите клучни патни правци и гранични премини во регионот кои беа под блокада изминатите денови.

Од здружението „Макам-транс“ ги известија своите членки дека товарниот сообраќај веќе се одвива без застој.

„Ве известуваме дека и српските превозници денес, 30.01.2026 година, со почеток од 15:00 часот официјално го прекинуваат протестот и се продолжува со нормално одвивање на товарниот сообраќај“, стои во соопштението.

Можете да прочитате

Вучиќ ги потпиша судските закони и покрај предупредувањата од Брисел

Кривична пријава против првиот човек на Обвинителскиот совет во Србија

Дрога и алкохол во крвта на возачот на минибусот со навивачите на ПАОК