Утрински Весник
Македонија

Мицкоски бил задоволен од искористеноста на ваучерите за студентите

Mickoskigob.jpg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа како тече искористеноста на ваучерите за таблетите и електронски уреди за студентите, изјави:

„Па целосно е искористено тоа, вкупната бројка е искористена, што нас посебно нè радува, за прв пат ова се случува. Интересот, беше навистина за нас изненадувачки, ние ветивме дека сите студенти без разлика дали се студенти на приватните или државните универзитети, ќе бидат корисници на овие ваучери и ние сме задоволни со степенот на искористеност. Дали 15.000 денари се доволни, можеби нецелосно. Но дали може со тоа да се купи електронски уред којшто ќе служи понатаму, може.”

Можете да прочитате

Македонија е рангирана на 114-то место по воена сила

Хоџа-Дрекслер: поддршката на Германија за енергетската транзиција и Зелената агенда на Балканот е клучен столб за модерен, декарбонизиран и отпорен енергетски систем

Љутков: Руралниот туризам – приоритет на Министерството за култура и туризам