Утрински Весник
Балкан

Во близина на Крушевац српската полиција заплени пет тони марихуана

20260129205850 big 730x400 59.webp.webp

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ потврди дека во денешната операција на Управата за криминалистичка полиција во околината на Крушевац се запленети околу пет тони марихуана. Тој нагласи дека станува збор за рекордна заплена на наркотици, чија вредност на нелегалниот пазар се проценува од седум до 10 милиони евра.

Дачиќ изјави дека се запленети и четири автоматски пушки и еден рачен фрлач – зоља, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Уапсени се Н.С. (39) и Р.С. (67), додека полицијата е во потрага по уште едно лице поради постоење сомневање дека сториле кривични дела неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги и нелегално производство, поседување, носење и продажба на оружје и експлозивни материјали, додаде Дачиќ.

Таа организирана криминална група складирала марихуана во просториите на фирмата Флораком во селото Коњух, од каде што понатаму ја дистрибуирале во Белград за продажба.

Можете да прочитате

Албанскиот парламент усвои резолуција со која Иран се прогласува за спонзор на тероризмот

Таксистите во Грција започнаа штрајк на неодредено време

Вучиќ: Србија гради силна војска за никој да не помисли на напад