Утрински Весник
Македонија

Трендафилов: Mногу лесно се паѓа од удобната функционерска фотеља на тврдо работничко столче

Trendafilov.png

Илјадници граѓани излегоа на протестот организиран од ССМ. Работниците излегоа да го изкажат својот револт поради ниските плати кои ги добиваат. Од Синдикатот бараат минимална плата од 600 евра и соодветно покачување на сите останати за 6.000 денари. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, гласно истакна дека пратениците во Собранието една година одбиваат да донесат измени на законот за минимална плата со кој платите на работниците ќе се зголемат за најмалку 6000 денари, а минималната плата нема да биде под 600 евра.

,,Сакам да упатам порака до нив како што упатувавме пораки и до претходните состави на Собранието, многу лесно се паѓа од удобната функционерска фотеља на тврдо работничко столче. Бараме веднаш уште утре, да предложите измени и дополнување на законот за минимална плата за да се зголеми на 600 евра за да им помогнете на 200 илјади работници кои имаат плата под 30 илјади денари.” – истакна Трендафилов.

Масовниот протест започна во 17:00 часот.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ со навреди кон работниците: СДС, Левица и ССМ вечерва на протест собраа едвај илјада лица

Незаштитен отвор за лифт кобен за Љушев: Кривични пријави против две фирми

СДСМ ќе поднесе законски решенија за покачување на платите на работниците и замрзнување на платите на функционерите