Утрински Весник
Македонија

Мицкоски побарал телефонски разговор со Фон дер Лајен за проблемот на превозниците

Mickoskidracevo.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски очекува да се надмине проблемот на македонските превозници, кои од вчера, заедно со транспортерите од Западен Балкан, ги блокираат граничните премини барајќи да се измени правилото на ЕУ за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена.

Тој денеска изјави дека ова прашање е отворено уште од септември со Европската комисија и дека задолжен да разговара е министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, исто како што со ЕК досега се разговарало и за други проекти што се во интерес на граѓаните.

– Барем од она што е последна најава, очекувам ова да се реши. Јас вчера побарав телефонски разговор со претседателката на Европската комисија (Урсула фон дер Лајен), таа е службено отсутна во Индија. Очекувам деновиве да се слушнеме и повторно да ја отвориме оваа тема и заедно со колегите од регионот повторно да ја ставиме на маса. ЕУ си има шенген-механизам до кој се држи и ние сега бараме варијанта како да им излеземе во пресрет на транспортерите – рече Мицкоски 

Можете да прочитате

Новинарите ќе се приклучат на утрешниот работнички протест

Митева: Значајни одлуки за напредокот на граѓаните, демократијата и европската иднина на државата тема на денешната владина седница

Македонски Телеком ги отфрла незаконските обвинувања и очекува да се применат принципите на владеење на правото