Утрински Весник
Македонија

Филипче: Оваа власт не сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Filipe sobranie 1.jpeg

Обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче на Националниот совет за евроинтеграции

Почитувани присутни,

дозволете да изразам голема загриженост за ситуацијата во земјата за немањето никаков прогрес на европскиот пат за практично антиевропските манири кои што сметам дека ги гледаме во веќе половина од мандатот, скоро и поминат на оваа влада. Освен што не се работи ништо по забелешките коишто ги добиваме од извештаите од Европа, не повикани од тоа се практикуваат антиевропски манири.

Ситуацијата во светот драстично е сменета геополитичката ситуација се менува, напред кон Европа во едни други околности оди Украина, Молдавија. Го слушаме премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ,  како повикува на политички одлуки за прием во Европската Унија, меѓутоа дури и тоа да се случи не ја спомнува Северна Македонија се осврнува на Босна и Херцеговина.

Што значи дека, никаква задача домашна не ја завршена, не сме го зајакнале системот не можеме да бидеме спремни ниту за некаква политичка одлука доколку дојде до такво нешто во рамките на Европската Унија.

На неколку нивоа сметам дека е проблемот, прво немањето политичка волја да се спроведат Уставните измени којшто се очигледно единствениот начин да се продолжат преговорите, да се отворат кластерите. Покрај најавите на владата дека нешто ќе се репреговара ќе се менува очигледно дека тоа не се случува. Дали беа свесни кога тоа го ветуваа или не тоа останува голема дилема.Мислам дека беа свесни дека ова е едно намерно запирање на европскиот пат на земја.

Не се спроведува реформската агенда ама буквално никако.Од законите коишто требаше да се донесат лани се донесе само еден, набрзина еден од 12, којшто не беше целосно имплементација на препораките на Оценската мисија. Тоа се законот од областа на правосудството конкретно Законот за судскиот совет, само парцијално имплементација на тие препораки. Повторно еден обид да нешто се прикаже дека се работи, а во суштина ништо од тоа не е сработено.

Понатаму, отворено изразување на проруските ставови, на внимавајте, вицепремиерот на нашата влада којшто присуствува на состаноци со луѓе блиски до Путин тоа не го крие, тие ставови не се не се кријат. Дали во тој контекст може или не да се носи и неговата изјава дека Европа треба да размислува да ние влеземе заедно со замислете Србија како е тоа спарување и врз која основа тоа го кажува вицепремиерот Стоиљковиќ е една голема дилема. Нешто што навистина сметам дека веќе не допира само во аспектите на проширувањето на Европската Унија, во политичките контексти но и во безбедносните контексти на целиот овој регион.

Намерно, сме ставени на маргините на Европската Унија, отворено проруско влијание. Сомнителниот капитал којшто влегол во земјава, којшто е одбиен од земји членки на Европската Унија, големо прашање, зошто е дозволен таков влез од страна на гувернерот на владата, на Алта банка од Србија, сомнителен капитал со сомнително потекло.

Се обиделе да влезат во земја членка на Европска Унија и биле одбиени, а оваа власт тука широко им ги отвори вратите. Дали тоа на нешто укажува? Понатаму, антиевропските манири повторно не повикани, ниту пак испровоцирани од никого. Слободата на говор, замислете се носи резолуција во Собранието со коешто се забранува, со ограничува слободата на говор на политички субјекти на опозицијата.

Кои се тоа манири коишто ги практикува оваа власт? Понатаму, влошувањето на односите со соседите, во ниту еден контекст на добрососедски односи, провокацијата кон Грција од страна на премиерот дека го вратил старото име, влошувањето на односите со Бугарија. Наместо да се работи за тие односи се подобруваат, да се развиваат, ние влегуваме во ситуација кога затворени прашања повторно се отвораат за некаква националистичка, популистичка политика, последниот аспект на ова, слободата на медиумите.

Огромен процент од медиумите, тука, телевизии, портали итн, практично се во директна сопственост на луѓе блиски на премиерот Орбан од Унгарија, господинот Петар Шатц, Адрија медија група итн. Тоа се медиуми кои промовираат антиевропски ставови, не сега, со години наназад и ги поддржуваат политиките на оваа влада.

Така да, во тој дел на неспроведувањето на реформите, не правењето никаков чекор кон спроведувањето на уставните измени, ограничувањето на слободата на говор, сомнителниот капитал кој доаѓа од други земји, флертувањето и отворената соработка со луѓе блиски на рускиот претседател Путин, контролата на медиумите од страна на луѓе блиски на Орбан, сериозно го поставува прашањето дали оваа влада воопшто, ја мислам дека не, сака да направи чекор кон Европската Унија.

И на крајот ќе завршам со нешто што утре нашите граѓани и економија конкретно ќе го почувствуваат, ограничувањето на движењето на нашите превозници со воведувањето новиот електронски систем од Европска Унија.

Ќе крахира економијата, што би рекол еден независен аналитичар и со тоа упатува сериозна порака до еден министер вицепремиер во владата којшто треба да се занима со тоа и којшто не требал да доведе или требал да направи нешто да тоа не се случи, а тој независен аналитичар се вика Александар Николоски. Предупредува дека ќе крахира економијата, внимавајте кога над 60, 70% од нашата економија, извозот и увозот, посебно, поединечно се врзани со земји членки на Европската Унија. Граѓаните по којзнае кој пат ќе го платат цехот и цената на овие лоши владини политики.

Можете да прочитате

Од 45 до 500 евра изнесуваат казните преку „Безбеден град“

„Не се дишеше, беше пекол“ ново сведоштво за трагедијата во Кочани

СДСМ: Си кажа ВМРО за часовниците вредни 150 плати – приватен бизис на Мицкоски