Утрински Весник
Македонија

Денеска продолжува судењето за трагедијата во клубот „Пулс“

Whatsapp image 2025 11 19 at 10.09.14.jpeg

Во судот во Идризово денеска продолжува главната расправа за трагичниот настан што се случи во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани. Рочиштето е посветено на испрашување на сведоци предложени од Обвинителството, чии искази се очекува да придонесат за разјаснување на настаните од кобната вечер.

Пред судечкиот совет ќе застанат петмина сведоци, кои ќе одговараат на прашањата на обвинителството и на одбраната, со цел утврдување на точната хронологија и околностите под кои се случил инцидентот.

На денешното рочиште ќе сведочат: Тоше Трендафилов, Мартин Китанов, Албето Миладинов, Иван Данилов и Кристијан Панев.

Можете да прочитате

ДУИ предлага ваучер од 3.000 денари за работниците кои работат надвор од местото на живеење

 Димитриевски: Македонскиот народ и историјата не се предмет на компромис

Тешко повреден пешак во Куманово