Утрински Весник
Македонија

Возач удрил пешак во Охрид и избегал

Policija 1.webp.webp

На 24.01.2026 година во 23:50 часот, на улицата „Гоце Делчев” во Охрид, случена е сообраќајна незгода во која патнички автомобил удрил во пешакот Б.С.(49) од Охрид и без да застане, го напуштил местото.

Пешакот, со возило на Итната медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде му се констатирани телесни повреди и 1,69 промили алкохол во крвта.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на автомобилот по што, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол