Утрински Весник
Македонија

Намалена видливост на неколку патни правци

Magla.jpg

АМСМ инфромира дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози и дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај.

Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40м. има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, од 50 – 100м. на патниот правец Делчево – Пехчево, од 100 – 150м. на патниот правец Куманово – Крива Паланка, од 100 – 150м. на планинските превои Ѓавато и Пресека и до 50м. на планинскиот превој Плетвар.

Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. 

Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.

Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.

Можете да прочитате

Вчера уапсени 11 возачи низ Македонија

Четири нови случаи на семејно насилство во последните 24 часа

Струмичанец тешко повреден откако со мотор излетал од патот