Утрински Весник
Свет

Силна снежна бура ја погоди САД

Sneg vozila.jpg

Во некои делови од Тексас, Оклахома и Канзас и на источниот брег на САД, падна снег, најавувајќи голема зимска бура која, според прогнозите, ќе се развие викендов од Карпестите Планини до крајот на Источниот брег, заедно со доаѓањето на ледениот арктички бран, соопштија денеска американските власти.

Метеоролошките служби најавија снег, замрзнат дожд и многу ниски температури кои ќе влијаат на две третини од источниот дел на САД со очекувани прекини на електричната енергија и прекини во сообраќајот.

Големите американски авиокомпании ги предупредија патниците да бидат внимателни поради ненадејни промени и откажувања на летовите.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа