
Метео анализа на Славчо Попоски:
Во текот на следната седмица односно во периодот од Понеделник 26 Јануари до Недела 1 Февруари територијата на целиот Балкан и Македонија ќе биде под влијание на моќен циклонски систем со центар над Џенова. Во ваква ситуацијаво текот на следната седмица често ќе се формираат влажни и големи фронтални бранови кои често ќе условуваат да имаме обилни врнежи од дожд а поради повремен продор на поладен воздух од север на планинските и повисоките населени места над 1000 метри надморска височина ќе има врнежи од снег со што очекувам позначително зголемување и проширување на снежната покривка на планинските места во Македонија.

Ќе дува повремено засилен до силен ветер од јужен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Следната седмица очекувам во голем дел од Балканот и во Македонија да наврне големо количество на воден талог па токму поради ова повторно расте опасноста за зголемување на нивоата на реките и на езерата, излевање на реките и опасност од нови поплави ширум Балканот и во Македонија.

