Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани за КЗК, одби и враќање на членот 353

Jovana t.jpg

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – потпретседателка и пратеничка

На денешната комисиска расправа, тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ  ги одби сите амандмани на СДСМ за Кривичниот законик.

Одбија враќање на членот 353 – злоупотреба на службената положба и овластување, на решението пред измените од 2023 година.

Причината е јасна: со сегашните решенија нема одговорноста кај најкритичната област – тендерите.

Без силен член 353, тендерската коалиција сака слободно ги дели државните пари на свои фирми, без одговорност.

Сега тоа на сите им е јасно.

Одбија и бришење на рокот од 5 години за конфискација на имот стекнат со криминал.

Зошто имотот украден од граѓаните да не може да се конфискува без разлика кога е стекнат.

Правда со рок на траење не е правда.

Трето, одбија строги и јасни правила за системот „Safe City”: дигиталните податоци и снимки да се бришат во рок од 48 часа, а пристап до нив да има исклучиво со судски налог.

Вака останува можноста за злоупотреби, МВР да делува како партиски инструмент за следење, притисок и уцена на граѓаните.

Четврто, одбија драстично зголемување на казните за организиран криминал.

Одбија проширување на условите за конфискација, за криминалниот имот да не може да се крие зад туѓи имиња, параван-фирми и фиктивни сопственици.

Дури одбија и позасилена кривично-правна заштита на децата од најтешките форми на експлоатација.

Ова е уште еден доказ, уште една потврда за она што СДСМ го говори.

Се случува грабеж на државните пари преку криминални тендери, правда нема има обид за спас од одговорност.

Наша порака е дека одговорност за криминал ќе има, кога-тогаш. Никој нема да се спаси, сите ќе одговарате.

Можете да прочитате

Со вкрстено испитување на сведок од ФЗО продолжи судењето за „Онкологија 2“ – тврди дека Фондот нема надлежност за финансиски контроли во УКРО

Мицевски: СДС и ДУИ застанаа против проектот „Безбеден град“

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени