Утрински Весник
Свет

Трамп: Преговараме за целосен пристап до Гренланд

Tramp.webp.webp

Администрацијата на Доналд Трамп преговара за договор што ќе овозможи на САД целосен пристап до Гренланд. Според американскиот претседател тоа е клучно за национална безбедност.

„Сè доаѓа преку Гренланд. Ако лошите момци почнат да пукаат, тоа доаѓа преку Гренланд. Тоа е прилично непроценливо. Тоа е неверојатно. Знаете, (поранешниот американски претседател) Роналд Реган ја имаше таа идеја одамна, но во тоа време немавме никаква технологија. Концептот беше одличен, но немаше технологија. Сега имаме неверојатна технологија“, рече Трамп.

Тој објасни дека САД и НАТО постигнале „рамка за иден договор“ за пристап на САД до оваа територија.

„Врз основа на многу продуктивниот состанок што го имав со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја формиравме рамката за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

Трамп рече дека договорот, доколку биде финализиран, „ќе биде одличен за САД и сите земји-членки на НАТО“, додавајќи дека договорот го натерал да ги суспендира планираните царини.

„Врз основа на ова, нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, рече тој.

Можете да прочитате

Премиерот на Гренланд порача дека само Гренланд и Данска имаат мандат да склучуваат договори за островот

Бројот на жртви во пожарот во Карачи се искачи на 67

Гренел до Вучиќ: Следете го американскиот пат