Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица во Велес и Неготино барани по потерници за издржување затворски казни

Lisici.jpg

На 21.01.2026 во 11:25 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа З.Д.(45) од Велес. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор во траење од десет месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418-б од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено – поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната

На 21.01.2026 во 12:00 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го приведоа Џ.Н.(33) од Велес. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено – поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Можете да прочитате

Лимани со Ахмети и Таравари на ифтар кај Рама во Тирана

Петровска: Како една од 120 пратеници им се извинувам на родителите од Кочани

Трагедија во Тафталиџе: Детето тропало по врати и барало помош