Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски на средба со британскиот амбасадор Метју Лосон

Image 2026 01 22 120036091.png

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари средба со британскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Метју Лосон, како и со делегација од Обединетото Кралство, на која беа разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу Скопје и Обединетото Кралство. На средбата се разговараше за развојните планови и стратешките приоритети на Град Скопје, со посебен акцент на образованието, културата, локалниот економски развој и креативните индустрии, како и за потенцијалната поддршка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата 2028″.

„Денес, остварив работна средба со британскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Метју Лосон, како и со делегација од Обединетото Кралство, во состав на Клер Сирс, директорка на Британскиот совет за Западен Балкан, Доминик Роудс, раководител за политика во Амбасадата, како и Милан Лучиќ, раководител на Секторот за уметност при Регионалната канцеларија на Британскиот совет.

Во рамките на средбата го запознав амбасадорот Лосон со програмата и плановите за развој на Скопје, кои се темелат на јасна визија, конкретна стратегија и долгорочни, одржливи политики, насочени кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

Разговаравме и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката преку заедничка реализација на проекти, програми и активности од заемен интерес, со посебен акцент на образованието и културата, како и преку размена на позитивни искуства и успешни практики во областа на локалниот економски развој и креативните индустрии.

На работниот состанок, беше отворено и прашањето за потенцијална соработка и поддршка во рамките на активностите поврзани со проектот „Европска престолнина на културата 2028″, вклучително и неговата меѓународна промоција и вмрежување со европските градови, како значаен чекор кон меѓународна афирмација на Скопје“, вели Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Герасимовски: Годинава стартуваме нови проекти со пензионерите, „Носталгија за корзо“, екскурзии, едукативни работилници и Спортски игри 2026

Почнува целосна реконструкција на улицата „Перо Наков“

Ново урбано јадро добива населбата Радишани