Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Цела Македонија во колапс, ВМРО ги изненади снег во јануари

Mk vo haos sneg 2.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Криминалната ВМРО ги изненади снег во јануари. Институциите не функционираат, патиштата и улиците не се исчистени.  Фотографиите од колапсот во Скопје и во Македонија покажуваат дека сообраќајот е небезбеден.

Граѓаните се оставени сами ама градоначалниците и функционерите од ВМРО тријат раце.

Тендерите за чистење снег се едни од омилените на ВМРО.

Снежните наноси по патиштата се идила за градоначалниците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои уште денес ќе фактурираат илјадници тони сол.

Сепак тешко е солта да се доброи па останува да ги бројат парите кои ги украдоа од граѓаните.

Нема пари за плати, за пензии, за опрема за чистење. Пари има само за тендери за ортаците на ВМРО и Мицкоски.

Со криминални политики вака ќе изгледа иднината на Македонија – блокирана од сите. Црна точка во Европа.

Можете да прочитате

Филипче: Додека течат криминални тендери на народот му се сервира јавен линч врз опозицијата

ДУИ си игра пинг-понг со животите на граѓаните, велат од ВРЕДИ

Апсење во Гостивар: Судски службеник нудел бришење казна за 100 евра