Утрински Весник
Македонија

Од денес ќе се тестираат и „баждарат“ камерите за „Безбеден град“

Bezbeden grad.jpg

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од од денеска, 20.01.(вторник) па до 31.01.(сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. 

„Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот. 

За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката. 

Во првата недела од предвидениот период, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на град Скопје. 

Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности“ велат од МВР.

Можете да прочитате

Анел Фидоски нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје

Контрола на возило во Кисела Вода заврши со пронаоѓање пиштол и 41 куршум

Кривична пријава за двајца за бесправно градење во охридско