Утрински Весник
Свет

 120 членови на Исламска држава избегале од затвор во Сирија

Sirija Buntovnici 2.jpg

Министерот за внатрешни работи на Сирија денес изјави дека околу 120 членови на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако курдската веб-страница „Рудауд“ објави дека 1.500 избегале, повикувајќи се на портпарол на Сириските демократски сили (СДФ).

Министерството за внатрешни работи соопшти дека неговите специјални сили и единици на сириската армија влегле во градот Шадади по пробивот и заробиле 81 бегалец. Потрагата по преостанатите бегалци продолжува.

Претходно, армијата ги обвини Сириските демократски сили, инаку под водство на Курдите, за ослободување на милитантите на Исламска држава, со оглед на тоа што затворот во градот на истокот од земјата е под нивна контрола.

По неколкудневни борби со владините сили, СДФ во неделата се согласија да се повлечат од Рака и Деир ал-Зор, две провинции со арапско мнозинство кои ги контролираат со години и во кои се наоѓаат главните нафтени полиња во Сирија.

Можете да прочитате

Патниците не можат да го напуштат бродот во Кабо Верде поради епидемија на хантавирус

Вооружен маж отвори оган во близина на Белата куќа, осомничениот застрелан од Тајната служба

Трамп: Ги уништивме иранските глисери тоа е сè што им остана