Утрински Весник
Македонија

Најдоброто од „Киненова” од 21-24 јануари во Кинотека

Image 2026 01 19 103853214.png

Од 21 до 24 јануари во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани избрани содржини од фестивалот „Киненова”, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики. Станува збор за филмови кои биле наградени на Киненова како: „Помеѓу боговите” на Вук Ршумовиќ, „Чувари на формулата” на Драган Бјелогрлиќ, „ПАНОПТИКОН” на Ѓорѓи Сикарулиѕе и многу други наслови.

Под мотото „Најдоброто од Киненова” љубителите на филмската уметност ќе можат да погледнат филмови што со ангажиран и аналитичен пристап  отвораат културни и општествени прашања. Во ова зимско издание на „Киненова” ќе може да се погледнат и филмовите „Таква каква што сум” на Даг Јохан Хаугеруд, кој годинава беше гостин на Фестивалот и „Татко” на Срдан Голубовиќ, кој бече член на жирито на годинешното јубилејно издание на МФФ Киненова.

https://kinoteka.mk/програма-киненова-во-кинотека

Можете да прочитате

ЗНМ: ОЈО и Судскиот совет итно да утврдат одговорност за неизвршена одлука за заштита на новинарка

Момче тешко повредено во Кушадаси со владиниот авион ќе биде транспортирано во Македонија

Епидемиолошка состојба со вирусот Западен Нил во Македонија