Утрински Весник
Економија

Почнува Светскиот економски форум во Давос

20260119090704 big 730x400 72.webp.webp

Од денеска до 23 јануари во швајцарскиот град Давос ќе се одржи 56-от годишен состанок на Светскиот економски форум под слоганот „Духот на дијалогот“, на кој ќе учествуваат светските лидери од политиката, бизнисот, граѓанското општество и академската заедница, со цел преку дијалог да се одговори на клучните глобални предизвици и да се утврдат приоритетите за следниот период.

На Форумот ќе присуствуваат околу 3.000 учесници од 130 земји во алпското одморалиште оваа година, ќе има речиси 400 високи политички функционери, вклучувајќи околу 65 шефови на држави и влади како и 850 извршни директори и претседатели на водечките светски компании.

Форумот ќе почне неформално со концерт за учесниците во 18 часот и состанок, од 18:30 часот, насловен како „Отворен форум: Каква година сакаме во 2050 година?“ (Open Forum: Which 2050 Do We Want?).

Првпат по шест години, американскиот претседател Доналд Трамп повторно ќе биде присутен во Давос, тоа ќе биде негова трето учество на Форумот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и израелскиот претседател Јицак Херцог, исто така, го потврдија своето учество. Таму ќе биде поставен нов рекорд – никогаш порано толку многу ВИП личности не сакале да присуствуваат на годишниот состанок на светската економска и политичка елита.

Безбедносните мерки се исклучително високи. Воздушниот простор околу Давос е затворен во радиус од 46 километри. Борбени авиони, хеликоптери и авиони на швајцарската армија се во постојана готовност.

Повеќето гости пристигнуваат со приватни или владини авиони на аеродромот во Цирих, додека некои пристигнуваат и на воениот аеродром во Дибендорф. Патувањето од аеродромот во Цирих до Давос е со лимузина, воз или хеликоптер. Транспортот е приспособен на статусот на гостите.

Полицијата ќе биде поддржана од швајцарската армија за време на петдневниот настан. Армијата ќе обезбеди до 5.000 војници, вклучувајќи припадници на воздухопловните сили, логистичка база, специјални сили, кибер експерти и војници за заштита од нуклеарни, биолошки и хемиски напади.

Можете да прочитате

Николоски: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево 

Премиерот Мицкоски со владина делегација во Давос, фокус на економскиот раст, енергетиката и стратешките инвестиции

Левица: Власта со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата