Утрински Весник
Скопје

Традиционална манифестација „Пивтијада“ во скопска Автокоманда

20260118164249 big 730x400 75.webp.webp

Традиционалната манифестација „Пивтијада“ денеска ќе се одржува на плоштадот во населбата Автокоманда во општина Гази Баба.

– Со хуманитарен, натпреварувачки и забавен карактер „Пивтијадата“ повторно ги обединува граѓаните во духот на солидарноста и традицијата. Ќе се продаваат пивтии, а сите собрани средства ќе бидат донирани на Клиниката за детски болести. Повик до сите граѓани – дојдете да бидеме хумани, да се дружиме и да уживаме со убава музика!, објави на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

Во натпреварувачкиот дел ќе се избираат најубаво украсените пивтии, а по оценувањето од стручна комисија најдобрите три ќе бидат наградени.

Во забавниот дел ќе настапат: Миле Кузмановски, Давид Темелков, Даниела Темелковска и Ансамблот „Јонче Христовски“.

Можете да прочитате

100 електрични автобуси, БРТ и 520 нови паркинг места за скопскиот сообраќај

„Гола месечина“ повторно носи култура и забава во Аеродром

Утре во Скопје терестрична дезинсекција против ларви од комарци