
Домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци”.
Домашната задача на ЕУ не се прави со агресивна анти-ЕУ кампања.
Точно е дека има проблем со Бугарија но тој намерно вие го создавате и го продлабочувате.
Наместо реформи, намерно продуцирате судири со соседите, повторно се отвораат затворени прашања, со единствена цел – да се оправда изолацијата и да се избегнат вистински решенија.
Да немаше „ортачки” тендери за вашата тендерска коалиција, немаше да има дупка од 2 милијарди евра во буџетот, немаше да мора да издавате еврообврзници, а потоа ни да „увезувате” мигранти за пари. Тогаш ќе имаше и за зголемување на пензиите и платите.
Сега, кога веќе тврдите дека ја работите домашната задача, донесете закон за правосудството како што налага ЕУ, затоа што со овој нов закон повторно ќе паднете на испит а Македонија ќе чека уште долго на следниот испитен рок.
Затоа, навистина почнете да ја работите домашната задача.
Ноќни волци, луѓе под истрага, осудени на затвор – тие само ве праќаат на поправен, а Македонија веќе нема време да чека.
САД го усвоија Законот за Западен Балкан, кој се однесува на корупцијата и криминалот, Русија е под санкции – кажете му тоа на вашиот најблизок соработник, вицепремиерот Стоилковиќ.
Внимавајте, затоа што кога ќе се падне на тој испит, поправен нема. Прашајте го Мадуро.
Центар за комуникации, СДСМ

