Утрински Весник
Свет

ЕУ денес на итен состанок по заканите од Трамп за нови царини

Eu 1.webp.webp

Претставници на земјите-членки на Европската унија ќе се состанат денес на вонредна седница откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со санкции поради Гренланд, јавува германската новинска агенција ДПА. Кипар, кој го има ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ, доцна вчера објави дека е свикан вонреден состанок на амбасадорско ниво како одговор на најновите најави од САД.

Трамп рече дека САД ќе воведат дополнителни 10 проценти царини на увоз од осум европски земји почнувајќи од 1 февруари поради спорот за Гренланд. Тој постојано повторуваше дека сака да го поседува Гренланд за да обезбеди безбедност на Арктикот, со оглед на заканата што ја гледа од Кина и Русија.

Трамп во објава на неговата социјална мрежа Truth Social изјави дека царините ќе важат за целиот американски увоз од Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија и Финска. Царините ќе се зголемат на 25 проценти од јуни доколку не се постигне договор САД да го купат Гренланд.

ЕУ има опции

Претежно автономниот Гренланд е дел од територијата на Данска, членка на НАТО. Гренланд изјави дека не сака да стане дел од САД, а членките на НАТО веруваат дека на САД не им е потребна контрола врз островот за да го заштитат Арктикот.

Не е познато дали на состанокот во недела ќе бидат разгледани можни контрамерки.

ЕУ има инструмент со кој може да се одбрани од трговски притисок, односно во ситуации кога трета земја се обидува да користи трговски мерки за да го принуди блокот или една од неговите членки да донесе одредена одлука. Инструментот дозволува воведување контрацарини и многу други мерки, но е наменет за ситуации во кои се исцрпени сите други можности.

Земјите на кои Трамп им закани со царини оваа недела објавија распоредување воен персонал за извидувачка мисија во Гренланд како дел од вежбата „Арктичка издржливост“ на Данска, организирана со сојузниците од НАТО.

Можете да прочитате

Санчез: Инвазијата на Гренланд од страна на САД би го усреќила Путин

12годишно дете нападнато од ајкула на плажа во Австралија

Пентагон планира да испрати 1.500 војници во Минесота