Утрински Весник
Свет

ЕУ разгледува одговор на царините на Трамп за Гренланд

20251012215821 big 730x400 91.webp.webp

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта,  изјави дека ЕУ е „многу цврста во одбраната на меѓународното право“ кога беше прашан за новите закани со царини од американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека се координира одговорот на ЕУ за тоа прашање.

„Она што можеме да го кажеме е дека Европската унија секогаш ќе биде цврста во одбраната на меѓународното право, каде и да е, што секако започнува на територијата на земјите-членки на ЕУ“, изјави Кошта на прес-конференција по потпишувањето на договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Меркосур, и веднаш откако Трамп вети дека ќе воведе царини за европски сојузници што се спротивставија на неговата желба да го добие Гренланд.

„Моментално координирам заеднички одговор од земјите-членки на Европската унија за тоа прашање“, рече Кошта.

Можете да прочитате

Франција регистрираше повеќе од 14.000 пожари и над 400 апсења од почетокот на сезоната

Данската принцеза Изабела почна со воена служба

Речиси два милиони евра приходи за Кипар од царината за мали пратки од трети земји