Утрински Весник
Скопје

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција

615702710 890620230185160 3678660950330294299 n.jpg

Општина Аеродром најостро го осуди вандалскиот чин што се случил синоќа во паркот Бановина, каде што била сериозно оштетена јавната и заедничка сопственост на граѓаните.

Како што информираат од општината, искршена е урбаната опрема, оштетена е фонтаната, а извршена е и кражба со провалување во чуварската куќа. Од Општина Аеродром потсетуваат дека паркот „Бановина“ неодамна бил целосно обновен и опремен со современа урбана опрема, наменета за сите генерации.

„Наместо грижа и почит кон заедничкиот простор, сведоци сме на несовесно и неодговорно однесување и уништување“, соопштуваат од општината, нагласувајќи дека ваквите постапки нема да бидат толерирани.

Случајот веќе е пријавен во полиција, а од општината упатуваат апел до граѓаните да го чуваат јавниот простор, да пријавуваат вандализам и заеднички да придонесат за уредена, безбедна и достоинствена локална заедница.


Можете да прочитате

КХС: Во текот на јули подигнати се 15.735 тони комунален отпад

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин”, инвестиција од 5,99 милиони денари