Утрински Весник
Свет

Повеќе од 100 жртви во поплавите во Африка

Poplavi.jpg

Повеќе од 100 луѓе загинаа поради обилни дождови и поплави во Јужна Африка, Мозамбик и Зимбабве. Најавени се и потешки временски услови во неколку јужноафрикански земји.

Властите во соседниот Мозамбик соопштија дека 103 лица загинале за време на невообичаено обилната сезона на дождови. Причините за смртта на овие луѓе варираат удари од гром, давење во поплави, колапс на инфраструктурата поради бури и колера.

Најлошите поплави во Мозамбик се случија во централните и јужните региони, каде што се погодени повеќе од 200.000 луѓе, илјадници домови се оштетени, а десетици илјади се подготвуваат за евакуација, соопшти Светската програма за храна.

Во Зимбабве, властите соопштија дека 70 лица загинале, повеќе од 1.000 домови биле уништени во обилните дождови од почетокот на годината, а инфраструктурата, вклучувајќи училишта, патишта и мостови, се урнала.

Можете да прочитате

Словенија воведува помалку работни часови

Зеленски предупредува: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина

Тер Штеген пред заминување од Барселона, блиску до трансфер во Џирона