Утрински Весник
Македонија

Филипче го избра Маричиќ за претседател на ДИК, Кондарко продолжува како член

Bojan maricic 960x640 1.jpg

Бојан Маричиќ, поранешен вицепремиер за евроинтеграции, ќе го преземе местото претседател на Државната изборна комисија (ДИК). Одлуката, според висок партиски функционер, ја донел претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и попладнево ја испратил до Собранието пишува телевизија 24.

Според истиот извор, Филипче ја одложувал одлуката до последен момент, за на крај да го избере Маричиќ за прв човек на ДИК. Во меѓувреме, екс заменичката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, Марија Митановска – сопруга на Примослав Димовски – и пратеничката од СДСН Даниела Марковска, ќе му го продолжат мандатот на Борис Кондарко, но овојпат како член на комисијата.

Одлуката доаѓа откако во понеделникот, Комисијата за избори и именувања ја потврди листата на пријавени кандидати за позициите во ДИК.

Можете да прочитате

Проштална средба меѓу Агелер и Мицкоски

Прилеп се подготвува за Водици

Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози