Утрински Весник
Македонија

Хорор во Скопје: Пијан маж ја тепал и давел партнерката, и се заканувал со нож – ја спасиле комшиите

Whatsapp image 2025 11 19 at 09.34.54.jpeg

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен жител на Скопје, за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела „Телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1 и „Загрозување на сигурноста“ од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, на 14 јануари осомничениот, во видно алкохолизирана состојба, ја нападнал својата партнерка во домот во скопската населба Гази Баба, каде што таа привремено престојувала. Тој ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот, а ѝ се заканувал и со нож, со кој замавнал кон неа.

Жената била спасена од двајца други потстанари во истата куќа, кои ја извлекле од просторијата и веднаш повикале полиција. Кај жртвата биле констатирани повеќе телесни повреди, меѓу кои пукнатина на ребро и на градната коска.

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство.

Можете да прочитате

ДУИ: Владата која ја оштети економијата и ја изолира земјата, нема морален мандат да продолжи

Ладен атмосферски фронт од север ни носи невреме, нагло заладување и снег

Мерко удри по ДУИ и Ахмети: Ммате двојни аршини, мене ме игнорирате а други ги браните и барате правда