Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Над 160 проекти се предвидени во образованата инфраструктура

D64ebd8b cb0e 1c91 810d e1f45a446445.jpg

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во текот на посетата на Кратово и реновираната спортска сала, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали оваа година ќе има инвестиции во образовната инфраструктура, изјави дека се предвидени повеќе од 160 проекти во областа на образованието.

„Па да. Впрочем, и овој објект е дел од тие инвестиции, би рекол. Инаку, повеќе од 160–170 проекти ширум државата се предвидени за инвестирање во делот на образованието, училишта, студентски домови, итн. нешто што претставува императив за оваа Влада”, рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека за година и половина повеќе од 65 милиони евра се инвестирани во образованието и дека продолжуваат со нови инвестирања во оваа област.

„Инаку чисто за да споменам, последно што го разгледувавме, беше дека за година и половина повеќе од 65 милиони евра се инвестирани во образованието, а од тие некаде околу 56–57 милиони се дел од програмата АА. Така што образованието е еден од нашите главни приоритети како Влада. Продолжуваме и понатаму да инвестираме, бидејќи без квалитетно и добро образование нема иднина”, изјави тој.

Можете да прочитате

Во Командата за обука и доктрини свечена заклетва дадоа нови 296 професионални војници 

Идната недела ќе се знае кога почнуваат протестите на ССМ

Тестирање на сообраќајните камери во Скопје од 20 до 31 јануари