Утрински Весник
Македонија

Почувствуван земјотрес во Охрид, Струга и околината со интензитет од 3 степени

Zemjotres2.jpeg

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 11 часот и 28 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на 155 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.8

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Можете да прочитате

Муцунски на средба со министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ

ВЛЕН: Правичната застапеност станува закон, институциите ќе носат одговорност

Промоција на „Исповед за акварелот“ – три децении акварелно творештво на Снежана Илиева