Утрински Весник
Свет

Мерц: Мора да пронајдеме рамнотежа во односите со Русија

Merc.webp.webp

Според германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Русија е европска земја и изрази надеж дека ЕУ ќе успее да постигне рамнотежа во односите со Москва.

Мерц порача дека стабилноста во односите со најголемиот европски сосед е клучна за иднината на Европа и Германија.

– Ако успееме да ги вратиме мирот и слободата во Европа, ако конечно пронајдеме рамнотежа во односите со нашиот најголем европски сосед, зборувам за Русија, ако завладее мир и ако се осигура слободата, ако успееме во сето тоа, тогаш Европската Унија, а со тоа и ние во Германија, ќе го положиме следниот испит и по 2026 година ќе можеме со доверба да гледаме кон иднината, рече Мерц.

Тој нагласи дека неговата изјава не е поврзана со фактот дека се наоѓа во источниот дел на Германија.

– Ова го зборувам каде и да се наоѓам во Германија, рече Мерц, додавајќи дека „Русија е европска земја“.

Можете да прочитате

Администрацијата на Трамп укинала помош од 177 милијарди долари за граѓаните

Трамп: Пристапувањето на Канада кон ЕУ би можело да се смета за непријателски акт

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ