Утрински Весник
Македонија

Министерството за одбрана ги објави платите

Ministerstvo Za Odbrana Mia.jpg

Министерството за одбрана (МО) денеска излезе со детални информации за примањата во Армијата, по прес-конференцијата на Независниот синдикат на одбраната (НСО). Од Министерството нагласуваат дека се отворени за дијалог, но и дека во моментов навремено се исплаќаат сите надоместоци кои претходно доцнеле со години.

Според податоците на МО, просечната основна плата на еден професионален војник изнесува 35.700 денари, додека на полковник е околу 70.200 денари. На овие суми се додаваат дополнителни 23.000 денари за закупнина, храна и превоз, како и додатоци за дежурства и ноќна работа.

„Само во последната година и половина исплативме 107 милиони денари за прекувремена работа која не била платена во 2019, 2020 и 2021 година,“ велат од МО, посочувајќи дека сегашниот менаџмент ги чисти долговите оставени од претходната власт.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС му излегува во пресрет на ДУИ и Таравари и не бара одговорност од Валбон Лимани кој е таму благодарение на нив

Утрово на ГП Богородица се чека по 30 минути за влез во Грција

СДСМ: Клековски призна – „црвените светла” се запалиле со задоцнување