Утрински Весник
Свет

ЕУ воведе нов механизам за ограничување на цената на руската нафта

Nafta 3.jpg

Европската Унија од денеска започна со примена на нов автоматски и динамичен механизам за приспособување на цената на руската нафта, информира Европската комисија, како дел од мерките насочени кон намалување на приходите на Русија од енергентите.

Новото ограничување на цената на руската нафта е 44,10 долари за барел со важност од 1 февруари. Почнувајќи од 15 јануари, старите договори склучени според претходната ограничена цена може да се применуваат 90 дена се наведува соопштението. Од Комисијата појаснуваат дека со 18-тиот пакет санкции кон Русија максималната цена на руската нафта е намалена од 60 на 47,60 долари за барел, а воедно е воведен и нов механизам за автоматско утврдување на идните ценовни ограничувања.

– Новиот механизам гарантира дека ограничувањето е секогаш 15 отсто пониско од просечната пазарна цена на уралската нафта во претходниот референтен период од 22 недели се додава во соопштението. Според Европската комисија, ограничувањето на приходите од енергентите е еден од клучните приоритети на ЕУ, со цел да се намали капацитетот на Москва за финансирање на воената агресија врз Украина.

– Ограничувањето на цените ќе биде предмет на редовна ревизија на секои шест месеци од страна на Комисијата иако вонредни ревизии се можни кога тоа е соодветно оправдано со развојот на настаните на пазарите на нафта или други непредвидени околности. Комисијата е во редовен контакт со земјите членки на ЕУ, како и со меѓународните партнери, за да обезбеди тесна координација на мерките – нагласи ЕК.

Механизмот за ограничување на цените беше воспоставен во 2022 година од страна на Г7, со цел да се лимитира цената на руската нафта и нафтените деривати што се транспортираат по море. Во рамки на овој систем, на компаниите од ЕУ им е дозволено да обезбедуваат поморски транспорт и други услуги за руската нафта и дериватите само доколку тие се продаваат по цена што не ја надминува утврдената граница.

– Овој механизам е специјално дизајниран да изврши дополнителен притисок врз приходите од нафта на Русија, а воедно да ги одржува глобалните енергетски пазари стабилни преку континуирано снабдување – додава Комисијата.

Можете да прочитате

Белгија нема да испраќа војници на Гренланд

Експлозија во Холандија – 24info.mk

Русија уништи голем енергетски објект во Харкив