Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Состојбите денес и во 2016 година не се разликуваат, недовербата во институциите е иста

Fatmir bitiki .jpeg

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во дебатната емисија „Топ тема” на Телма истакна дека состојбите денес и во 2016 година, за време на валдеењето на Груевски не се разликуваат.

-Да се постави тема за пржинска влада на лидерска средба, мора да се има предвид контекстот во кој таа беше воведена, во период кога довербата во институциите беше на најниско можно ниво, за време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година. И тогаш и сега состојбите не се различни, рече Битиќи.

Тој посочи дека во изминатите 18 месеци државата помина изборни процеси кои не придонесоа градење доверба во институциите, особено поради, инженерингот што беше забележан на локалните избори. 

-Имаме сериозни злоупотреби во секторите како социјалата, земјоделието и внатрешните работи, како и еден од најголемите корупциски скандали во поновата историја на државата, поврзана со Платежната агенција (и ИПАРД). Во сектор во кој е фатен главниот човек за корупција, се предлага укинување на механизмите за контрола пред избори. Затоа сметам дека има доволно аргументи за нашите ставови за техничката влада, истакна Битиќи

Можете да прочитате

Во тек е голема полициска акција во УЈП Скопје

МАСИТ: Сстанок со Муцунски – фокус на економска дипломатија и интернационализација на македонските ИКТ компании

Тинејџери краделе дрва па се обиделе да прегазат полицајци