Утрински Весник
Свет

Орбан: Бараните 800 милијарди долари од Украина не растат на дрвја

Orban 1.jpg

Бараните 800 милијарди евра што Украина ги очекува од Европската Унија во следните десет години за Унгарија ќе се претворат во „над девет милијарди долари откуп“, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, цитиран од МТИ.

Орбан на Фејсбук изјави дека „800 милијарди долари не растат на дрвја“.

Тој рече дека според Брисел, за да ги обезбедат средствата, Унгарија мора да преземе мерки како што се укинување на 13-тата и 14-тата пензија, субвенции за домување, ограничување на сметките за домаќинства, рамниот данок и даночните олеснувања за мајките, семејствата и младите луѓе.

„Ова е прашањето за кое ќе се одлучува на 12 април. Едно е сигурно: ќе кажеме „не“ на воените планови на Брисел“, додаде премиерот.

Можете да прочитате

Расмусен: Данска е подготвена да стори повеќе, а САД веќе имаат широк воен пристап до Гренланд

Француската влада преживеа гласања за недоверба

Трамп побара од Данска да се повлече од Гренланд